еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 67 случаи на заразени со корона вирусот во Македонија, 25 оздравени и еден починат

Од вкупно 868 направени тестирања во изминатите 24 часа регистрирани се 67 позитивни пациенти на Ковид-19. Се уште не се пристигнати бројките од една приватна лабораторија и во следните неколку часа ќе биде објавена и деталната статистика по градови. Има 25 оздравени пациенти, и еден починат пациент.

Ова денеска на прес-конференција го соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, посочувајќи дека до изутрината на Клиниката за инфективни болести во Скопје се примени шест пациенти и сега се хоспитализирани вкупно 40, Таму нема пациент, кој е на механичка вентилација, а на кислородна поддршка се 16 пациенти.

– Во Градската општа болница „8 Септември“ хоспитализирани се вкупно 27 позитивни на Ковид-19, од кои на респираторна машина се шест пациенти.

Во болницата во Битола хоспитализирани се седум пациенти, а во болницата во Штип 14.

На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп вкупно се хоспитализирани 27 пациенти кои се позитивни на вирусот, посочи Филипче.

МИА/Фото: МЗ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во штипските конфекции досега регистрирани 55 лица позитивни на корона вирусот

Два нови случаја на корона вирусот во Гостивар, и двата се во селото Чегране

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Орден „8 Септември“ за првиот претседател на Собранието, Андов и пратеници во мандатниот период од 1990 – 1994 година

Редакција

Проф. Трајковски: Големиот наплив на печалбари деновиве не може да донесе ништо добро во епидемиолошка смисла

Редакција

Од денеска кризна состојба во енергетиката и мерки за штедење струја

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница