еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 693 случаи на Ковид-19, оздравени 826, двајца починати

Министерство за здравство информира дека има 693 нови случаи на Ковид-19 од 1.480 направени тестови во последните 24 часа. Оздравени се 826 пациенти и двајца починале, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 170 реинфекции.

Од новите случаи, 255 се во Скопје, во Битола – 49, Куманово – 44, Кавадарци – 42, Охрид – 32, Прилеп, Велес и Струмица – по 27, Тетово и Штип – по 24, Гевгелија и Радовиш – по 20, Гостивар – 16, Кочани и Делчево – по 12, Неготино – 10, Кичево и Струга – по 8, Ресен – 7, Крива Паланка и Берово – по 5, Свети Николе и Валандово – по 4, Кратово – 3, Виница, Богданци и Демир Капија – по 2, Пробиштип и Крушево – по 1.

Регистрирани сe 826 оздравени пациенти од: Скопје – 431, Струмица – 56, Битола – 49, Куманово – 39, Прилеп – 30, Тетово – 28, Велес – 23, Кавадарци и Гевгелија – по 21, Штип – 20, Гостивар и Кичево – по 17, Неготино и Ресен – по 15, Радовиш – 14, Кочани – 6, Валандово – 5, Богданци – 4, Крива Паланка, Кратово и Демир Хисар – по 3, Свети Николе и Виница – по 2, Струга и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Скопје (77г) и Богданци (77г). Двете лица се починати во болнички услови.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 333.360, бројот на оздравени пациенти е 319.717, на починати е 9.400, а бројот на активни случаи изнесува 4.243.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иран: Нелогични се гласините дека украинскиот авион бил погоден со ракета

Редакција

Работел за двајца претседатели: Кој е Стево Пендаровски, еден од можните кандидати за претседател на државата

Редакција

Потребни се средства: Дијана има ретко заболување кое го напаѓа видот и центарот за рамнотежа

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница