еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 81 случаи на Ковид-19, оздравени 77, нема починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 787 тестови, а регистрирани се 81 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 56, Прилеп – 5, Битола, Кратово и Куманово – по 3, Кавадарци, Охрид, Тетово и Штип – по 2, Берово, Гевгелија и Кичево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 25 реинфекции.

Регистрирани сe 77 оздравени пациенти од: Скопје – 54, Битола – 9, Прилеп – 6, Куманово – 3, Тетово и Ккавадарци – по 2, Велес – 1.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 342.696, бројот на оздравени пациенти е 332.787, на починати е 9.531, а бројот на активни случаи изнесува 378.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Историчарите пронајдоа редица грешки и пропусти во новиот учебник за Историја и општество за V одделение

Редакција

Кујтим Ибиши од „Вреди“ ќе раководи со Управата за финансиско разузнавање

Редакција

76-годишна кумановка тешко повредена, откако во неа удрил камион

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница