еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 97 случаи на Ковид-19, четворица починати и 61 оздравени

Во изминатото деноноќие направени се 824 тестови, а регистрирани се 97 нови случаи на Ковид-19, од кои во Скопје – 52, Битола, Прилеп и Кавадарци по 6, Куманово и Штип по 5, Велес 4, Охрид и Крива Паланка по 2, Тетово, и во Струмица, Неготино, Радовиш, Дебар, Валандово, Кратово, Крушево и Македонски Брод по 1, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 29 реинфекции.

Регистриран e 61 оздравен пациент од: Скопје – 30, Битола – 6, Куманово и Охрид – по 4, Прилеп и Берово – по 3, Тетово, Кавадарци, Кичево и Кратово – по 2, Велес, Гостивар и Свети Николе – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, нема пријавени починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, се регистрирани 4 починати лица од Скопје, Охрид, Струга и Гевгелија, на возраст од 80 – 83 години. Две лица се починати во болнични услови и две во домашни услови. Починатите се регистрирани во период од 16.08.2022 до 09.09.2022

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 341.986, бројот на оздравени пациенти е 331.740, на починати е 9.520, а бројот на активни случаи изнесува 726.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во училиштата каде што ќе се гласа ќе има скратена настава во деновите пред изборите

Редакција

(Фото) Струмица доби десет електрични автобуси, кои ќе почнат да сообраќаат од 11. септември

Редакција

Нови 214 на Ковид-19 од 2.133 тестови, 33 се реинфекциии

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница