еМагазин
Image default
Да помогнеме

Нови играчки за безброј насмевки на Детската Клиника за oнкологија

Во овие празнични денови сите треба да ја наоѓаат магијата во себе. Негувајќи ги основните човекови доблести како хуманоста и добрината, го исполнуваме секој со надеж и среќа. Тоа го постигнуваме преку поддршка и пораки за оние на кои им е најпотребно.

Затоа во Капитол мол во сабота, 29.12.2018 година, во 18.00 часот, за #кажимисреќнанова ќе се одржи Новогодишното шоу „Торбата на Дедо Мраз“ кое во себе носи хуманитарна порака.

Капитол мол заедно со Државна видео лотарија на Македонија, која е воедно и поддржувач на кампањата, ги повикува сите да подарат среќа на децата од Детската Клиника за Онкологија. Тоа ќе го направат со тоа што ќе донесат подарок нова играчка за насмевки во Новата година за децата кои се лекуваат на хематологија на новогодишната претстава „Торбата на Дедо Мраз“.

Новогодишната претстава е креирана така што на интерактивен начин овозможува подучување на децата на филантропија и помош. Претставата е интерактивна и активно ги вклучува децата преку драмски и музички елементи отсвирени и испеани од професионални оперски пејачи во придружба на пијано и труба.

Повеќе информации за претставата може да се најдат на: www.facebook.com.

И оваа година децата ќе може да ја почуствуваат вистинската празнична магија во Капитол мол и во исто време ќе можат да направат и некое друго дете среќно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Секоја чест: Пар од Струмица, парите од свадбата ги донираше за Никола Новоселски

Редакција

(Видео) Самохрана мајка на четири деца од Тетово: Моите деца не пробале свеж леб

Редакција

Можеме да собереме 20.000 евра: На 12-годишната Кара итно треба да ѝ се дијагностицира ретката болест, а потоа и да се лекува

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница