еМагазин
Image default
Македонија

Нови позитивни случаи на Ковид-19 во градинка, болница и во штипската општинска зграда

Во штипската градинка „Вера Циривири-Трена“ има позитивен случај на коронавирусот. Станува збор за вработен од техничкиот персонал, информираше денеска вршителот на должност градоначалник на Општина Штип, Јане Миланов.

Тој истакна дека во тек е епидемиолошката анкета меѓу вработените во градинка, со цел да се спречи ширењето на заразата.

– Точно е дека коронавирусот е влезен и меѓу општинската администрација, имаме еден позитивен, а неколкуминива вработени се во изолација, вели Миланов.

Тој истакна дека поради владините мерки и насоки, општинската администрација почна да работи и по системот на ротации, а оние вработени кои можат да ги извршуваат работите од дома, тоа го прават онлајн.

Во штипската Клиничка болница зголемен е и бројот на позитивни случаи на Ковид-19 меѓу здравствените работници. Потврдени се дополнително уште двајца заразени лаборанти, со што во ова одделение бројката на позитивни лаборанти се искачи на шест, а осумина се во изолација.

Вкупниот број на заразени лаборанти, лекари и медицински сестри изнесува 12. Во моментов на Инфективното одделение хоспитализирани се 49 пациенти, од кои над половината се на кислородна поддршка.

МИА/Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предлог-законот за јавно обвинителство се уште не е пристигнат во Собранието, седницата може да се одржи на 29 јули

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Редакција

Земјотрес во Романија почустуван и во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница