еМагазин
Image default
Македонија

Нови три случаи со Ковид-19 во Тетово

Центарот за јавно здравје Тетово денеска бележи три нови случаи со Ковид-19, а сите нови заболени се граѓани на Општина Тетово.  Истовремено се регистрирани и 13 оздравени лица.

-Со новите три случаи, бројката на болни достигна 117 лица, информира д-р Зорица Зафировска, специјализант по епидемиологија при Центарот за јавно здравје.

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово, за периодот за неносење заштитни маски на 37 лица изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба и ќе треба да платат 20 евра во денарска противредност.

Според Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во тетовското подрачје има 185 лица со решенија за изолација дома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца новозаболени, 34 оздравени од Ковид-19 во Куманово

Во Велес по еден новозаболен и оздравен од Ковид-19

МИА/Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Софија нов состанок на заедничката македонско-бугарска Комисија за историски прашања

Редакција

Судење „Титаник“: Презентирани СМС порако како Јанакиески, Јанкулоска и Груевски договарале вработувања во државни институции пред избори

Редакција

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ има поголем рејтинг од СДСМ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница