еМагазин
Image default
Македонија

Новинари на Курир и Лидер спречени да известуваат од настан на кој присуствуваше премиерот

За време на денешниот настан во кругот на фабриката „Пекабеско” во Скопје каде беше присутен премиерот Димитар Ковачевски, новинарите Љупче Златев и Предраг Кукиќ биле спречени да присуствуваат на настанот и да постават прашања до премиерот, реагираат од Здружението на новинари (ЗНМ).

-Според информациите кои пристигнаа до ЗНМ од колегите новинари присутни на настанот, од страна на лице вработено во приватната агенцијата за обезбедување РОТЕ им биле побарани новинарски акредитации кои според сведочењето на новинарите тие им ги покажале и потенцирале дека добиле покана од Владата за овој настан. Обезбедувањето сепак ги спречило да влезат на настанот, за да си ја извршат својата новинарска задача.По реакциите од страна на нашите колеги новинари за овој инцидент, ЗНМ ќе достави претставка до Комората за приватно обезбедување на Македонија со цел расчистување на овој инцидент за агенцијата за обезбедување РОТЕ.Потребно е да се знае дека припадниците на агенциите за приватно обезбедување во ниеден случај не смеат да ја ограничат работата на новинарите и медиумските работници кои известуваат, бидејќи на тој начин се ускратува и правото на информирање на граѓаните.Укажуваме дека одговорноста за вакви попречувања на работата на новинарските екипи е и на товар на организаторот и на Владата која ги поканила новинарските екипи. Затоа бараме и Владата и компанијата “Пекабеско“ да спроведат внатрешна истрага за да се спречат вакви инциденти во иднина, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште 4 лица од корона вирусот, вкупно 302

Редакција

Бугарите се налутија оти ја споредуваме нивната политика кон Македонија со таа на Русија кон Украина

Редакција

Убава вест: 782 оздравени од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница