еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Новинарите во петок ќе маршираат за одбрана на новинарското достоинство

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ги повикаа сите медиумски професионалци на протестен марш во петок (17.02), кој ќе почне од Владата и ќе продолжи до Собранието, на кој заеднички и сплотено да го изразат нивното незадоволство од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, лошата социо-економска состојба.

На маршот ќе бидат испратени пораки од претставници на ЗНМ и ССНМ, а ќе бидат доставени и следните барања до Владата и до Собранието: итно донесување на неопходните закони кои се важни за правата на новинарите и работата на медиумите и нивно доследно имплементирање, јавните функционери и политичарите да ги почитуваат новинарите и снимателите, крај на агресивниот државен пи-ар, поддршка за локалните новинари и медиуми, почитување на работничките права на новинарите и медиумските работници, безбедни услови за работа на новинарите и медиумските работници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неопходно е да се донесат уставните измени, чекањето не е добро ниту за ЕУ, ниту за Македонија, порача од Собранието словенечката претседателка

Редакција

Доктор Мехмедовиќ: Преносливоста на делта сојот е поголема за 60% во затворени простории и за 40% на отворено

Редакција

Осум обвинети во „Багер“ признаа дека ископувале предмети од културно наследство

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница