еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Новинарка на Ал Џезира убиена додека известуваше за израелскиот напад во Палестина

Ал Џезира денеска го обвини Израел за смртта на новинарката која беше убиена додека известуваше за израелски напад на Западниот Брег.

Како што е наведено, Ширин Абу Аклех, позната палестинска новинарка, била погодена со куршум во главата и набргу потоа починала.

Уште еден палестински новинар кој работи за Ал Кудс со седиште во Ерусалим е ранет, но е во стабилна состојба.

Катарската телевизија го обвини Израел и во соопштение објавено на својот канал ја повика меѓународната заедница „да ги осуди и да ги смета израелските окупаторски сили одговорни за намерното таргетирање и убиство на колешката Ширин Абу Аклех“.

На видеото од инцидентот се гледа како Абу Аклех носи син заштитен елек на кој јасно пишува „ПРЕС“.

Израелската армија соопшти дека нејзините сили биле цел на силен оган и експлозиви за време на операцијата во Џенин и дека возвратиле.

Се додава и дека „армијата го истражува настанот и ја испитува можноста новинарите да биле погодени од вооружени Палестинци“.

МИА/Фото: Ал Џезира

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратениците од власта не прифатија да се расправа за пријавата за повреда на Етичкиот кодекс за Џафери

Редакција

БРАВО! Урбан Бургер Бар за 3 дена подели 2.000 бесплатни оброци

Редакција

Вкупно 31: Пет нови случаи заболени со корона вирусот, помеѓу нив и медицинскиот персонал од Дебар

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница