еМагазин
Image default
Македонија

Новиот Клинички центар ќе биде во скопски Ѓорче Петров

На владината седница денеска помина одлуката за избор на новата локација за изградба на новиот Клинички центар. Локацијата ќе биде во општината Ѓорче Петров, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Посочи дека била изготвена соодветна методологија од страна на работната група која ја основале во Министерството за здравство, а која ја сочинуваат експерти од министерствата за транспорт и врски и за животна средина и просторно планирање, агенциите за просторно планирање и за катастар.

– Се бодуваа трите локации во Карпош, Ѓорче Петров и Петровец кои стигнаа како предлози до Министерството за здравство. Овој тим експерти разработи методологија, ги бодуваше и со соодветни коефиценти ги мереше овие карактеристики, а има бројни карактеристики на земјиштето и се донесе заклучок дека е идеална локацијата во Ѓорче Петров, прво заради положбата, понатаму заради тоа што најбрзо можеше да се изготват сите потребни проектни документи и заради тоа што најмалку чини, практично целото земјиште е државно, рече Филипче.

Тој додаде дека со моделот за приватни јавни партнерства сакаат да ги искористат и постојните капацитети на приватните болници во смисла на заедничко менаџирање, за да обезбедат што подобри услови за лекување на пациентите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русковска: Нема основ за мое изземање, но оставам да одлучи Јавно обвинителство

Редакција

Изречени 563 казни за неносење маска

Редакција

Бугарскиот историчар Чуканов за спорот со Бугарија: „Нема шанси да бидеме браќа на сила“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница