еМагазин
Image default
Македонија

Новите пасоши ќе бидат обезбедени за седум до 10 дена, вели Чулев

За една недела се очекуваат да пристигнат пасошите од Германија, согласно комуникацијата на Министерството за внатрешни работи со фирмата Веридос која ги изработува, најави министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

-Согласно договорот пасошите треба да стигнат на 24 март. Во постојана комуникација сме и вршиме притисок до германската фирма Веридос која ги обезбедува пасошите и од нив имаме одредено ветување дека пасошите би требало да стигнат од 7 до 10 дена, согласно договорот, што значи пред 24 март, истакна Чулев.

Треба да бидат испорачани 100 илјади пасоши.

– Ќе бидат задоволени сите потреби. Како МВР уште сега имаме план за зголемен број извршители во издавање и изработка на пасошите. Согласно со капацитетите на Министерството што значат производство на патни исправи, дневните можности се до три илјади пасоши така што со оглед дека има побарувачка од 27 до 28 илјади пасоши сите потреби би се задоволиле до 10 дена, истакна министерот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почнавме за да направиме Албанија без граници, ама политиките се сменија, порача Ахмети од меморијалниот комплекс на УЧК

Редакција

Дали Алијанса на Албанците на Таравари ќе остане во Владата, ќе се знае во текот на овој месец

Редакција

Груевски за затворската казна за случајот „Плацеви на Водно“: Македонија живее време на политички мотивирани судења против политички неистомисленици на власта

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница