еМагазин
Image default
Македонија

Ново рочиште за „Монструм“

Со сослушување на сведоци, денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Случајот го води судијата Огнен Ставрев и се наоѓа во доказна постапка.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со изведување на докази од Обвинителството, продолжи судењето за случајот „Софтвери“

Редакција

Министерството за правда побара од Судскиот совет да го достави записникот од вчерашната седница

Редакција

Телефонски разговор на Заев со Ципрас по оставката на Коѕијас, и двајцата остануваат посветени на договорот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница