еМагазин
Image default
Македонија

Ново рочиште за „Насилство во Центар“, ќе сведочи Саша Богдановиќ

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува предметот на Специјалното јавно обвинителство „Насилство во Центар“, каде за поттикнување насилство обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешната советничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.

Судењето треба да продолжи со сослушување на сведокот Саша Богдановиќ, откако на минатото рочиште заврши сведочењето на поранешниот претседател на советот на Општина Центар Мирослав Шиповиќ.

Судот на минатото рочиште, по барање на обвинителството донесе решение за издвојување на постапката против обвинетиот Митко Пецов, кој поради болест не присуствуваше на рочиштето.

На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. За седмообвинетиот Димче Крстев, и за осмообвинетиот Митко Пецов пак, се води одвоена постапка.

Обвинетите се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонците благодарни на Србија“: Српските медиуми за најавата дека српските граѓани нема да плаќаат патарина во Македонија летово

Редакција

Вчера се вакцинирале 14.976 граѓани, интерес за вакцинација досега изразиле 318.793 лица

Редакција

Само 169 Бугари од Македонија се пријавиле да гласаат на изборите во Бугарија на 2 април

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница