еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Тврдина-Таргет”

Во Кривичниот суд во Скопје, денеска продолжуваа судењето за предметот „Тврдина-Таргет”. Предметот е во фаза на сослушување сведоци.

За денеска е предвидено да сведочат вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Досега во оваа постапка имаат сведочено свиркачите Звонко Костовски и Ѓорѓи Костовски, поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски, поранешниот премиер Зоран Заев и други лица.

Обвинети во овој предмет за нелегално прислушување се Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК, Гордана Јанкуловска, поранешна министерка за внатрешни работи и други лица од УБК.

Предметот го води Кривичниот совет составен од судијата Џенета Бегтовиќи и Владимир Туфегџиќ.

Обвинението е застапувано од обвинителите Артан Ајро, Трајче Пеливанов и Ленче Ристовска.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за „Таргет-Тврдина“: Јанкуловски го испрашуваат поранешните колеги

Сведок во „Таргет-Тврдина“: Пристап до прислушуваните броеви имаа Мијалков, Грујевски и Николиќ

Верушевски дојде да сведочи, одбраната бара запирање на постапката за „Таргет – Тврдина“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓаните да не се мачат да одат во Фонд за здравство за исплати на породилно, боледувања, надоместоци за ортопедски помагала

Редакција

За два денари поскапува бензинот Еуросупер БС-98

Редакција

Предлогот за уставните измени денеска на владина седница, ставовите на власта и опозицијата остануваат непроменети

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница