еМагазин
Техно

Новоформираниот Центар за дигитална трансформација нуди меѓународно сертифицирани обуки

Првиот од овој вид, Центар за дигитална трансформација „ГоДигитал“, со поддршка од Македонија2025 објави отворен повик за обука и меѓународна сертификација за дигитален експерт за бизнис експерти и консултанти, информираат од таму.

Сите заинтересирани бизнис експерти и консултанти можат да се пријават за бесплатна обука и сертификација во три области: е-трговија и експерт за социјални медиуми, експерт за дигитална трансформација и ИТ безбедност.

Апликантите треба да исполнуваат одредени административни барања, вклучувајќи најмалку 8 години работно искуство и напредна компјутерска писменост. Предност ќе имаат оние со искуство и сертификати во технологија, иновации и бизнис процеси, како и образование во соодветни области.

Консултантите кои ќе бидат сертифицирани имаат обврска за враќање дел од средствата кон „ГоДигитал“ во форма на консултантски услуги, а компаниите кои ќе предложат консултанти ќе имаат можност за комерцијални ангажмани на проекти во македонски микро, мали и средни компании.

Пријавувањето се врши преку пополнување на форма и доставување на потребните документи на платформата за е-стипендии на следниот ЛИНК.

Поканети се сите заинтересирани кои ги исполнуваат критериумите за првична селекција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Samsung Galaxy Note10+ 5G оценет како телефон со најдобри камери

Редакција

Samsung ја лансираше новата линијa Wind-Free клима уреди на база на вештачка интелигенција

Редакција

А1 подарува смартфон и телевизор за активација на електронска сметка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница