еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Новогодишна елка на желби во Рамстор мол: Хуманитарна кампања на компанијата со Црвен крст

Традиционално, како и секоја година, по 13. пат, Рамстор Мол во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија по повод новогодишните празници организира хуманитарна акција за децата сместени во згрижувачки семејства, информираат од компанијата.

““Новогодишната елка на желби“ е настан кој има за цел да донесе насмевки на лицата кај дечињата и да им ги направи новогодишните празници уште поубави и посреќни.

Дечињата ги напишаа своите новогодишни желби на листови кои се во форма на лампиони, со што елката во Рамстор Мол ќе ја направат навистина посебна и магична.

Сите посетители на Рамстор Мол ќе можат да изберат еден или повеќе лампиони од елката со што ќе учествуваат во исполнувањето на детските желби и ќе го купат посакуваниот подарок, а со тоа ќе подарат насмевка на детските лица, а верувајте ни, нема поубав подарок за секој од нас од искрена насмевка кај децата“, велат од компанијата.

Акцијата ќе трае од 06.12.2021 до 27.12.2021 година, додека пак на 28 и 29.12.2021 на дечињата ќе им бидат доставени посакуваните подароци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новартис и Лек (Сандоз) донираa 100.000 долари на Институтот за јавно здравје

Редакција

Вечер со Руми: Последниот книжевен препев на Драги Михајловски

Редакција

Познатата апликација „МојВоздух„ ја освои престижната World Summit Award 2020 награда од ОН

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница