еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Новогодишни честитки од Апелација: Укинат притворот на Јанакиески, Јосифовиќ, Божиновски и Арсовска, четворицата во куќен притвор

Апелацискиот суд Скопје извести дека, по повлекување на предлогот за одржување јавна седница од страна на обвинетите, на денешната седница, Кривичниот совет на Судот донесе одлуки со кои се укинува мерката притвор против обвинетите Ненад Јосифовиќ од Скопје, Кирил Божиновски од Скопје, Зорица Арсовска од Скопје и Миле Јанакиевски од Скопје.

Истовремено, додава Апелацискиот суд во соопштение, со четири различни решенија на Кривичниот совет на Судот на обвинетите Јосифовиќ, Божиновски, Арсовска и Јанакиевски им е определена мерката куќен притвор.

Вака донесените одлуки, соопшти Апелацискиот суд, ќе бидат објавени во целост на веб-страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амнестирани пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски, Јохан Трачуловски и Љубен Арнаудов

Камчев и Панделевски излегуваат од „Шутка“, добија мерка куќен притвор

Твитер „прегреа“ за амнестијата и притворот: „Правна држава, жими ашимов“

Амнестија „кому иде“: Што да кажат затворените за кражба на ќебапчиња?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Безбедносните камери од околните згради, го прикажуваат ужасниот пожар на ковид-центарот во Тетово

Редакција

Медицинска сестра од Прилеп за личното искуство со Ковид-19: Не му го посакувам ова трауматично искуство ниту на најголемиот непријател

Редакција

Преговорите со СОНК можат да се одвиваат, а истовремено наставата да продолжи, вели министерот Шаќири

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница