еМагазин
Македонија

Објавен конкурс за обука на воени пилоти

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во рамките на Министерството за одбрана, денеска го објави конкурсот за запишување на слушатели на стручно оспособување и усовршување на родот авијација за потребите на Армијата.

„Упатуваме повик до сите граѓани државјани на Република Северна Македонија кои имаат желба да станат воени пилоти и кои имаат завршено прв циклус на студии (стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС) и не се постари од 28 години да ги достават потребните документи најдоцна до 01 август 2019 година во Воената академија, Касарна „Гоце Делчев“ – Скопје.

Потенцијалните кандидати во процесот на прием и селекција ќе подлежат на проверки на психофизичката способност, познавање на англискиот јазик, проверка – селекција на земја, проверка – селекција во воздух.

Повеќе информации во врска со објавениот Кокурс може да најдете на веб-страниците на Министерството за одбрана, www.mod.gov.mk и на Воената академија, www.ma.edu.mk“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 51 пациент, а вкупно се лекуваaт 483

Редакција

Повлечен учебникот по географија за втора година гимназија, имало спорни и навредливи содржини за Албанците

Редакција

Македонија ќе купи систем за противвоздушна одбрана од Франција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница