еМагазин
Image default
Македонија

Објавен оглас за нови членови и претседател на Антикорупциска

Објавен е оглас за избор на нов претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

На актуелното раководство на ДКСК му истекува мандадот во февруари следната година и според закон, тие неможат да се пријават за нов мандат.

Според огласот кандидатот за претседател мора да има најмалку десет години работно искуство по завршување на високото образование, од кои најмалку осум години работно искуство во областите на на откривање или спречување на корупцијата, владеење на правото или добро управување.

За член на ДКСК освен десет годишно работно искуство, доволни се шест години работно искуство во областите на откривање или спречување корупција.

Во составот на ДКСК се избира претседател и шест членови.

Целиот оглас ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На актуелните им истекува мандатот во февруари, Ивановска бара навреме да се изберат новите членови на Антикорупциска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 1.029 случаи на Ковид-19 во Македонија се импортирани

Редакција

Груби е надвор од земјава, вели дека не избегал

Редакција

Врховен му ја укинал пресудата за дрога на Васил Јованов пред тој да признае вина за усмртувањето на Фросина Кулакова

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница