еМагазин
Македонија

Објавен оглас за прием на 100 професионални војници

Министерството за одбрана денеска објави Јавен оглас за прием на нови 100 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија.

Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 дена, вклучувајки го и денот на објава.

Согласно огласот условите за пријавување е кандидатот да биде државјани на Република Северна Македонија,  да има завршено средно образование, да не е постар од 25 години на денот на завршување на огласот за прием и да е здравствено и физички способен.

Идните професионални војници, како што наведуваат од Министерството за одбрана, ќе земаат почетна плата над 25.000 денари со дополнителни над 8.000 денари трошоци за станбено обезбедување по навршување на четири години служба во Армијата.

Кандидатите за професионални војници пријавата може да ја поднесат по електронски пат заедно со потребните документи на [email protected]  и до Одделението за одбрана во местото на живеење, со приложување на потребните документи.

Од Министерството за одбрана наведуваат дека при вработувањето ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите за прием.

Подетални информации во однос на Јавниот оглас може да се најдат на веб страната на Министерството за одбрана www.mod.gov.mk.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Издавањето на викендици на групи на луѓе е кривично дело, полицијата ќе казнува, потсети Спасовски

Редакција

Дали е доволно добар францускиот предлог засега ќе се воздржам да коментирам, сакам да помине еден поширок круг на консултации, вели Пендаровски

Редакција

Кандидатурите за претседател на Пендаровски и Силјановска доставени во ДИК 

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница