еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Објавена снимка за која се тврди дека се слуша како градоначалникот на Шуто Оризари, Дудуш, тепа човек во општината

Порталот Лидер објави аудио снимка во која наводно се слуша гласот на градоначалникот на скопската општина, Шуто Оризари, Курто Дудуш како наводно затвора едно лице во канцеларија и го тепа.

Од порталот велат дека снимката им ја пратил „свиркач“, без да го знаат потеклото и начинот на кој таа е направена.

„Ајде седни, чекај да ја заклучам вратата за да не ми избегаш. Имам со тебе да завршам некоја работа“, вака почнува аудио снимката, во која понатаму се слуша како наводно Дудуш го прашува човекот зошто го пцуел „на сред центар” и почнува физички да го измачува.

Во снимката во неколку наврати се слушаат силни удари и тепање на извесн Сенат, кој е наводно заклучен во канцеларијата на Дудуш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Шуто Оризари, Дудуш, вели дека снимката била монтирана

Фото: Фејсбук/Дудуш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Изофас“ го доби тендерот на општина Прилеп за реконструкција на стадионот „Гоце Делчев“ вреден 436.000 евра

Редакција

Службени лица и грчки државјанин помеѓу десетмината осомничени за шверц на скапи автомобили

Редакција

Досега 20 македонски државјани го напуштиле Израел, а ги има околу 200

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница