еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд претпладне. Во јужните делови претпладне врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Ќе дува засилен до силен северен ветер кој повремено ќе достигне брзина над 60 километри на час.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Во Скопје, слично време со повремени врнежи од дожд и засилен, повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во следните денови, времето ќе биде стабилно, со ниски утрински температури во четврток и петок.

Дневните температури од сабота ќе бидат во позначителен пораст. Локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи се очекува во недела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Протекол кровот на Драмски театар, откажани престави

Редакција

Доктор Беќаровски: Не е само да се излечи коронавирусот, последиците кои ги остава се катастрофални

Редакција

Гостивар завиен во црно: Меѓу настраданите е и раководителот на Секторот за сообраќај на Град Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница