еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска облачно време со дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, локално со над 20 литри на квадратен метар наврнат воден талог, проследени со силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени. УВ индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје времето ќе биде облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, со услови во делови од скопската котлина процесите да бидат во форма на невреме. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.

В сабота ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Од недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на дневната температура.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца повредени во пожарот во Кочани денеска се враќаат од Шведска и Грција

Редакција

Новинарите во петок ќе маршираат за одбрана на новинарското достоинство

Редакција

Денеска Силјановска кани: „На јога со Гога“ на плажата Куба Либре

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница