еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Обновена и пуштена во употреба бензинската станица на „Макпетрол“ во Македонски Брод

„Макпетрол“ АД е компанија која постојано се труди да ги задоволи потребите на своите потрошувачи и да им овозможи квалитетно, сигурно и економично снабдување со нафтени деривати, гас и био горива, информираат од таму.

Токму поради тоа, во изминатиот период, „Макпетрол“ АД, најголемиот дистрибутер на горива во државата, постојано инвестира во обнова на своите бензински станици, со цел подобрување и осовременување на својата мрежа на услужни објекти, посочуваат од таму.

Овој пат, започна да работи обновената бензинска станица, лоцирана во Македонски Брод. Станицата сега доби современ и функционален изглед, задоволувајќи ги највисоките технички и безбедносни стандарди. Достапност кон квалитетните производи и услуги потрошувачите имаат секој ден во неделата, од шест часот наутро, па сè до 22 часот.

На бензинската станица се достапни сите квалитетни горива на „Макпетрол“ од новата генерација ULTRA горива базирани на технологијата Dual Action Technology, вклучувајќи и течниот нафтен гас за возила (ТНГ), а во продажниот објект на бензинската станица на потрошувачите им стои на располагање широк избор на производи од дополнителниот асортиман.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 640 здравствени работници се заразиле со Ковид-19, оздравеле 426

Редакција

Каде е Васко Ковачевски? За него нема ни потерница, ни мерки

Редакција

Газпром нема да испорачува гас за Европа преку Северен тек 1, цената драстично поскапе

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница