еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ОБСЕ/ОДИХР ги почна подготовките за мониторинг на изборите на 5 јули

ОБСЕ/ОДИХР ќе испрати специјална мисија во државата по покана од македонската Влада за следење на изборите на 5 јули.

ОБСЕ/ОДИХР објави конкурс за ангажирање експерти од различни области кои треба да го следат изборниот процес, се наведува во соопштението објавено денеска на веб страницата на организацијата.

Меѓународните набљудувачи се очекуваат во земјата по 19 јуни.

„По официјалната покана да се набљудуваат предвремените парламентарни избори во Северна Македонија на 5 јули и во согласност со својот мандат, ОДИХР се подготвува да испрати специјална мисија за проценка на изборите.

Во отворениот конкурс, кој завршува на 16 јуни, ОДИХР бара шеф на мисијата на Северна Македонија и негов заменик, политички и изборен аналитичар, како и аналитичар за регистрација на гласачи, правен и медиумски советник.

Мисијата ќе биде во траење од три недели, а сите кандидати треба да бидат на располагање за извршување на задачите од 19 јуни,“ стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Без учество на релевантните политички фактори, изборите во овие услови ќе претставуваат само нова политичка криза

Заев: Отстапувам од петти и согласен сум изборите да се одржат на 8 јули

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русите тврдат дека го зазеле Мариупол, Путин наредил блокада на фабриката Азовстал во која се “националистите и странските платеници“

Редакција

(Фото) Уловена „жестока женска расправа“ за буџетот за 2020 година

Редакција

Ѓорги Спасов за изјавата на бугарскиот министер Милков за Тито: Не прави разлика помеѓу фашизам и антифашизам

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница