еМагазин
Image default
Локално

Обвинение за двајца браќа кои тепале жена пред очите на син и

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен предлог против две лица на возраст од 49 и 45 години за кривично дело – насилство.

„На 08.10.2020 година, двајцата браќа, во група заедно со други за сега непознати лица, физички нападнале две лица во Гостивар.

Мајката на еден од нападнатите тргнала да ги раздели и во тој момент едниот обвинет ја удрил со тупаница по лицето, а другиот со метални клешти ја удирал по двете раце и по телото. Од ударите, жената се здобила со телесни повреди – нагмечувања.

Настанот предизвикал чувство на страв, загрозување и несигурност и кај повеќе други граѓани кои во тој момент биле присутни на местото“, соопшти Обвинителството.​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Радовишанец физички нападнат од раководител на фирма и други лица во Неготино

Редакција

Велешанец се заби во бетонски ѕид со „Рено Кампус“

Редакција

Четириесетгодишник од Делчево приведен поради обљуба врз момче од Македонска Каменица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница