еМагазин
Image default
Локално

Обвинение за гостиварец кој усмртил пешак

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што информира Jавното обвинителство, триесет и деветгодишниот гостиварец на 13 април 2021 година управувал автомобил БМВ на улицата „Сретко Крстески“ во Гостивар.

Кога се приближил кон крстосницата со улицата „Гаве Лазарески“, започнал да се движи со возилото наназад, без да се увери дали со таквото дејствие ги попречува или загрозува останатите учесници во сообраќајот.

Со задниот дел од автомобилот осомничениот удрил во пешак кој ја минувал улицата. Пешакот при ударот се здобил со тешки телесни повреди – нагмечувања на мозокот и на 26.04.2021 година починал.​​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска посебен режим на сообраќајот во Скопје поради протест на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Малолетничка од Скопје со автомобил удрила во девојка од Битола и две паркирани возила во Крани

Редакција

(Фото) Во Прилеп повредени околу 20 работници при судар на два автобуси

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница