еМагазин
Image default
Македонија

Обвинение за лице кое му се заканувало на Заев на Фејсбук

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое на Фејсбук му се зканувало на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Обвинетиот кој се товари за продолжено кривично дело загрозување на сигурноста, во објавените коментари повикувал на физичка ликвидација на оштетениот и ја загрозил неговата сигурност.

Во периодот од 23.07.2019 година до 24.07.2019 година, соопшти денеска Јавното обвинителство, во повеќе наврати извршил временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело.

– Тој е обвинет дека преку информатички систем, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, објавил повеќе закани дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години, се појаснува во соопштението од ЈО.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието го донесе Законот за заштита на потрошувачите

Редакција

ЗНМ: Новинари од 27 април по втор пат жртви, овој пат од судот

Редакција

Поради коронавирусот: ДИК бара државниот врв да ја преиспита одлуката за избори на 12 април

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница