еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителката Ленче Ристоска ќе го застапува „Талир 2“, случајот за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

Со овластување на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, обвинителката Ленче Ристоска ќе го застапува предметот на Специјалното јавно обвнителство (СЈО), „Талир 2“ пред Кривичен суд.

Судење за „Талир 2“ е закажано за утре. Претходното судско рочиште за овој предмет не беше одржано поради отсуство на адвокатите на обвинетите.

Во случајот „Талир 2“ обвинети се поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, кои, според обвинението на СЈО, со злоупотреба на службената положба, овозможиле правното лице ДГ Бетон АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, иако правното лице во времето на обезбедување на услугата имало склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Обвинетите спротивно на законските прописи прибавиле значителна имотна корист за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во износ од 507.164.424 денари, односно 8.246.576 евра.

МИА/Фото: Телма

Кој каде се враќа: Лиле Стефанова во Обвинителството во Радовиш, Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска во скопското

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изречени 704 казни за неносење маска

Редакција

59 лица од Деве Баир сместени во хотелот „Ибис Стајл“, имаат и медицинска поддршка

Редакција

Констатирани низа пропусти во Куманово: Казна од 300 до 600 евра за градоначалникот Максим Димитриевски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница