еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителство отвора предмет во врска со доделувањето на концесијата за центрите за дијализа

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, согласно член 272 од Законот за кривична постапка, отвори предмет по допрен глас во врска со доделувањето на концесијата за центрите за дијализа во Република Македонија.

„Следејќи ги реакциите на „Нефрон“ – Здружение за бубрежно болни граѓани и написите на одредени медиуми кои укажуваат на низа недоследности при спроведување на постапката по Огласот за доделување концесии на центрите за вршење дијализа, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оцени дека постои основ на сомнение што треба да се провери. Сомненијата укажуваат дека постапката е спроведена на нетранспарентен начин со индиректно фаворизирање на правни и физички лица при што познати меѓународни провајдери со големо искуство се ставени во подредена положба.

Воедно, постои основ на сомнение и во врска со Одлуката за утврдување на референтна цена за хемодијализен третман согласно Упатството за начинот на вршење на здравствената дејност која се однесува на лекувањето со дијализа, со која што референтната цена на чинење на пакетот – хемодијализен третман кај хронична бубрежна инсуфициенција е зголемена од 4.855 денари на 5.400 денари“, се вели во соопштението на Јавно обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија треба да го признае македонското малцинство, соседите треба да се признаваат меѓу себе, смета Села

Редакција

Нови 301 случаи на Ковид-19 од 1.431 тестирања, бројката на активни случаи достигна 20.802

Редакција

Милошоски не бил политички гонет за „Моќник“, Уставен ја отфрли неговата инцијатива

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница