еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителство отвори предмет за случајот со пелените, за да утврди дали детето е запоставено

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас во врска со настанот што се случи на 19.09.2018 година, кога по дојава на жители од зграда во скопската населба Аеродром, во стан во истата зграда беше откриено дека семејство со едно малолетно дете живее во исклучително лоши хигиенски услови.

Предметот е оформен во насока на проверка дали детето кое што живее во станот со неговата баба е запоставено од неговите родители.

Во таа насока, Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба до СВР-Скопје да ги направи сите неопходни проверки со родителите на детето. Воедно, од Центарот за социјални работи на Град Скопје беше побарано да формира стручен тим, кој ќе изготви детален извештај за семејството во кое живее детето. Тимот ќе треба да провери дали семејството до сега било пријавувано во Центарот, дали било интервенирано од нивна страна и дали има пропусти во грижата на родителите за развојот на детето.
По направените проверки и обезбедените докази ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР со детали за пелените кои предизвикаа евакуација

Таткото на децата од станот во „Скопјанка“ нема поднесено барање за предоверување

Евакуацијата на станарите во ТЦ Скопјанка бил поради мелни пелени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетово му се приближува на Чаир по бројот на активни случаи на Ковид-19

Редакција

(Видео+фото) Бугари во Скопје на панихида на Мара Бунева, Џамбаски порача дека Македонија била бугарска

Редакција

Новинарката Душица Мрѓа за насилството во Собранието: Во толпата препознав и мои соседи, а едниот од нив ме потурна

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница