еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителство: Реакцијата на Рускоска со „гаќите“ е израз на моментално разочарување

Реакцијата на надлежниот јавен обвинител во предметот треба да се разбере како израз на моментално разочарување, по сознанието за донесената одлука во предмет во кој по опсежна предистражна и истражна постапка и поднесено обвинение, очекува судска разрешница, се вели во соопштението од Јавното обвинителство, во врска со изјавата на обвинителката Вилма Рускоска за одлуката на Апелацискиот суд за пуштање на Катица Јанева во домашен притвор.

  • Јавното обвинителство ги следи реакциите по донесената одлука на Апелациониот суд Скопје за замена на мерката притвор со куќен притвор за обвинето лице во случајот „Рекет“.

Како единствен државен орган кој е надлежен за кривично гонење и се грижи за законитоста на кривичниот прогон, Јавното обвинителство нагласува дека ги почитува судските одлуки и не се меша во работата на судската власт.

Јавното обвинителство во извршувањето на функцијата ја заштитува законитоста и се залага за почитување на основните слободи и права на човекот и граѓанинот, принципот на владеење на правото и во таа насока обвинителството ќе ја продолжи соработката со надлежните институции и судски органи, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апелација ја објави СМС пораката која Рускоска за Јанева ја пратила на судија

Судскиот совет со осуда за однесувањето на Рускоска

Рускоска најави финансиска истрага за судиите кои ја пуштија Јанева во домашен притвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русковска за Топ-тема: Камчев се спогоди со Обвинителството во случајот Империја

Редакција

Димитров ја „подбра“ Захариева: Паушално да се оцрни соседот, не е ниту пријателски ниту европски

Редакција

Во Прилеп тројца новозаболени од корона вирусот, вкупно заразени 103 лица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница