еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителство се уште прибира докази за утврдување кривична одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово

Од Основното јавно oбвинителство денеска информираа дека нивните службеници од тетовското Обвинителство се уште работат на предметот отворен поради пожарот во модуларната болница на 8 септември во Тетово, при што животите ги загубија 14 лица.

Од таму потенцираат дека истрагата се уште е во насока на собирање на материјални и вербални докази за утврдување на кривична одговорност.

-Јавните обвинители кои преземаат дејствија во насока на расчистување на причините за пожарот во модуларната ковид болница во Тетово, интензивно постапуваат.

Се очекува во Обвинителството да пристигнат извештаите од наредените вештачења, меѓу кои и вештачењето од експертите од Република Германија.

Откако ќе се приберат материјалните и вербални докази, обвинителите ќе ги разгледаат и анализираат, ќе биде утврдено дали и каде постои кривична одговорност, по што ќе биде донесена и одлука за натамошниот тек на постапката, се вели во одговорот на Обвинителството по барање на новинарите од Тетово.

На 5 октомври, Обвинителството објави извештај за причините за пожарот и информираше дека се започнало во моментите кога лекарскиот тим ја започнал реанимацијата на пациентка болна од Ковид-19, при што се случил краток спој на продолжен кабел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прегреан кабел на дефибрилатор причина за пожарот во модуларната болница во Тетово, велат од Обвинителство

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турција нема да воведе санкции против Русија: Тие ќе и нанесат поголема штета на турската економија, отколку на руската

Редакција

Рекорден број на новозаболени од корона вирусот: 205 од 1.728 тестирања, во Скопје 60

Редакција

Фармацевтските компании „трагично потфрлија“ во одговорот на глобалната криза со Ковид-19, оцени Амнести интернешнл

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница