еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителството изврши претрес во ДИК и ја одзеде тендерска документација за софтверот кој беше хакиран

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по допрен глас денеска влезе во Државната изборна комисија (ДИК), за да утврди дали има кривично дело при спроведување на тендерот за набавка на софтверот на оваа институција, потврдија за МИА од Обвинителство.

Оттаму не потенцираа дали обвинителите се уште се присутни во ДИК, но посочија само дека при овој претрес е одземена тендерската документација, за да се утврди дали се почитувани законските постапки.

За разлика од другите изборни циклуси, на предвремените парламентарни избори одржани на 15  месецов ДИК не беше во можност електронски да ги соопшти резултатите од изборните единици.

Причината, како што информираа оттаму, беше хакерски упад на веб страната на ДИК, кој траеше и неколку дена после изборите.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од УНЕТ по хакерските напади на македонските „Анономуси“: Ниеден серевер и сајт не се 100 проценти сигурни, нападите зависат од целта

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ахмети го дематира премиерот, вели дека со Ковачевски се во преговори со Алијансата за Албанците за нивен влез во Владата

Редакција

(ВИДЕО) Јовески не одговори директно дали Јанева ќе биде повикана во Обвинителство

Редакција

Меѓу нашинците во Хрватска нема заразени од коронавирус, се очекува 220 граѓани да бидат префрлени со авион во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница