еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителството отвори предистражна постапка за исчезната Марија Брзакова

Истрагата за исчезнувањето на Марија Брзакова (28) од Босилово од вчера ја води Основното јавно обвинителство во Струмица.

Според информациите оттаму отворена е предистражна постапка, а повеќе детали во интерес на истрагата не се соопштуваат.

Потрагата по исчезнатата Брзакова трае веќе осум денови, а за време на викендот стотина ловци и граѓани во координација со полицијата трагаа по неа по течението на реките Турија и Струмица, канали, по целото поле, дури и по браните на Дрвош и Иловица и Монспитовското блато.

Дваесет и осум годишната Марија Брзакова исчезна во утринските часови на 18 овој месец. Била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ.

Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса, а исчезнувањето во полицијата го пријавил нејзиниот сопруг.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се пребаруваат речни корита и канали: Стотина ловци и граѓани во потрагата по исчезната Марија Брзакова од Босилово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нина Ангеловска предложена за министер за финансии

Редакција

На Скопскиот аеродром бидете 3 часа пред летот: ТАВ го надградува системот за багаж

Редакција

Имаме голема шанса уште во јуни да дојдеме до решение прифатливо за Скопје и Софија, вели германскиот државен министер за Европа Рот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница