еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителството презентираше докази за „Меѓународен сојуз”, одбраната на Ременски тврди дека се прекршува ЗКП

Со презентација на докази од Обвинителството денеска во Кривичниот суд Скопје, продолжи судењето за случајот „Меѓународен сојуз”.

Застапникот на обвинението обвинителката Маја Коневска, на денешното рочиште презентираше материјални докази од извештаите кои Обвинителството ги добилo од МВР-БЈБ.

Одбрана на осомничената Фросина Ременски, по презентацијата на овие материјални докази реагираше и истакна дека обвинителството свесно го крши Законот за кривична постапка (ЗКП) и издава наредби за вештачење до МВР на лица за кои судот кажа дека не се вешти лица, не се лиценцирани од Министерството за правда и дека не изготвуваат вешти наоди и мислења.

Првообвинет во овој судски предмет е Бојан Јовановски, кој од Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција се сомничи за кривичните дела „измама” и „перење пари”. Меѓу осомничените е и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, која се гони за кривичното дело „измама”.

Следното рочиште за случајот ,,Меѓународен сојуз” е закажено за 24 февруари.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 999 случаи на Ковид-19 од 3.627 тестирања

Редакција

На судењето за „Триста“ се презентираат писмени докази

Редакција

Од Ковид-19 починаа 24 лица, најмладиот на 40 години

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница