еМагазин
Image default
Македонија

Од 1 до 5 септември втор рок за пријавување за субвенциониран студентски оброк

Студентите од втора и повисоките години, кои го пропуштија првиот рок за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2023-2024 година, може да поднесат пријава од 1 до 5 септември.

-Пријавувањето се врши преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а по завршување на рокот за пријавување, кандидатите ќе добијат известување. Потоа, од Шпаркасе банка, како банка со која Министерството за образование и наука (МОН) склучи нефинансиски договор за реализација на мерката, ќе бидат повикани да склучат договор за отворање посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка преку која единствено ќе можат да ги користат средствата, соопшти Министерството за образование и наука.

Аплицирањето за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар ќе трае од 27 септември до 2 октомври.

-Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите им се олеснува животот за време на студирањето. Финансиската поддршка во износ од 140 денари дневно е наменета за купување здрава храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна, наведува МОН.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Засега нема потреба од полициски час

Редакција

Предлог до Владата: Полицискиот час да почнува на полноќ, угостителите да работат до 23.30 часот

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ќе собира потписи за задолжителен референдум за раскинување на договорот со Бугарија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница