еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од 1 октомври недела ќе стане неработен ден

Од 1 октомври недела ќе стане неработен ден. Ова е предвидено со измените на Законите за работни односи и за трговски друштва што Владата ги усвои на својата денешна седница.

Измените, како што појасни премиерот Зоран Заев на прес-конференција, се донесени во инклузивен процес со работодавачите и со синдикатите.

„Ова е ветување што Владата ги имаше како приоритет во програмата. Со ова се прави исчекор кон унапредување на работничките права и продолжување на поддршката за работниците,“ истакна Заев, додавајќи дека посебна грижа е водена за оние работници кои ќе работат во недела.

Предвидени се исклучоци за оние дејности кои не можат да го прекинат работниот процес. Работниците во овие дејности кои ќе работат и во недела ќе добијат дневница најмалку 50 проценти повисока од редовната денвница и слободен ден што ќе го користат во наредните седум дена.

Имплементацијата на законот ќе биде следена од Инсекторатот за труд. Работодавачите кои ќе работат во недела ќе мора тоа да го пријават во Државен инспекторат за труд.

– Работодавичите кои ќе го прекршат законот, ќе им се забрани работа од 15 дена и ќе им се издаде прекшочен патен налог. Доколку работодавачот го повтори истиот прекршок во рок од една година, забраната за работа ќе биде 30 дена.

Во периодите на забрана за работа, работодавачот ќе има обврска на работниците да им исплаќа надоместок за плата во висина на платата исплатена претходниот месец и притоа не може да го намали бројот на работници, појасни министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новинарот кој објавува материјали за „Рекет“ се сликал со Иванов, еми Боки со кој се не се сликаше

Редакција

Мишел: Македонци вашата земја го прави првиот чекор кон преговори со ЕУ

Редакција

Прв самостоен концерт на Јована Јанкулоска – Љубовен копнеж во француски стил: „Désir d’amour“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница