еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Од 15 ноември задолжително носење зимска опрема во возилата

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата информира дека од 15 ноември започнува задолжително носење на зимска опрема и соодветна зимска проверка на возилото.

Под редовна зимска проверка на возилото се подразбира проверка на антифризот, проверка на маслото во моторот, проверка на течноста за бришачите на ветробранското стакло, проверка на акумулаторот, притисокт на пневматиците, обезбедување на течност или спреј за одмрзнување на стакло, брави, итн, соопштуваат од РСБСП.

„Сите овие проверки и подготовки се важни, но најважно од сѐ е носењето на соодветна зимска опрема. Носењето на зимската опрема е задолжително и се однесува на периодот од 15 ноември до 15 март наредната година“, апелираат од советот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Попладне врнежливо време со силен ветер

Редакција

Филипче: Син ми е деветто одделение и ќе следи настава онлјан, ќе оди на училиште кога ќе има услови

Редакција

Почина еминентниот професор во пензија и музичар Ѓорѓи Стефановски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница