еМагазин
Image default
Балкан

Од 20 декември во Србија може да се влезе само со негативен ПЦР тест

Од 20 декември на странските државјани ќе им треба негативен ПЦР тест за влез во Србија, додека на српските граѓани ќе им треба или негативен тест или ќе бидат испратени во десетодневен карантин, јави дописникот на МИА од Белград.

– Донесовме одлука сите ресриктивни мерки што важеа досега да бидат во сила до петок, 18 декември, по што повторно ќе се состанеме и ќе видиме дали ќе воведеме некои дополнителни мерки или ќе ги промениме постојните, изјави министерката за труд и член на Кризниот штаб, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ по седницата на штабот.

Како што истакна таа, досегашните мерки имале ефекти, иако бројките се на многу високи вредности, но сега гледаме пад кај новозаболените лица и процентот на позитивност. Таа ги повтори мерките – забрана за работа на сите објекти од 17 часот, што не важи за објектите за храна, аптеките и пумпите.

– Исто така, донесовме одлука кога станува збор за контролата на патниците во меѓународниот сообраќај дека на сите странски државјани ќе им треба ПЦР-тест, без оглед на земјата од која влегуваат, и ова ќе важи од 20 декември, најверојатно до 10 јануари, сето тоа ќе зависи од моменталната епидемиолошка состојба, кажа таа.

За српските граѓани кои влегуваат во земјата, доколку немаат негативен ПЦР тест, тие ќе бидат обврзани да бидат во домашна изолација 10 дена, што може да се прекине доколку во меѓувреме се направи негативен ПЦР-тест.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Во геј бар лидерот на Сириза ја славеше легализацијата на истополовите бракови во Грција

Редакција

Курти крева духови на немир во Македонија и на југот на Србија, вели Вучиќ и посетата ја оценува како „скандал над скандалите“

Редакција

Бројот на заразени 228: Четврта жртва од корона вирусот во Грција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница