еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Од 23 август нема транзит низ Словенија без тест, доказ за вакцинација или прележан Ковид-19

Словенечката влада објави дека од 23 август патниците во транзит ќе треба да покажат доказ дека се вакцинирани против Ковид-19, доказ дека прележале или негативен тест.

„Од 23 август, транзитот низ Словенија веќе нема да биде возможен без исполнување на ПЦТ барања“, се вели во соопштението на владата.

Дотогаш, патниците во транзит не мора да го докажуваат својот статус на Ковид-19 на граница ако ја напуштат Словенија што е можно поскоро, и не подолго од 12 часа.

Исклучок од ПЦТ-условите за влез во Словенија сè уште важи за лица помлади од 15 години, сопственици на земјиште и недвижен имот во пограничната област, прекугранични работници, мигранти и вработени во меѓународен транспорт.

Новата владина одлука, исто така, пропишува задолжително носење заштитни маски за посетителите на јавни и културни настани во затворени простории, додека носењето маски станува задолжително за собири на отворено ако се присутни повеќе од 100 луѓе.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осуди од сите страни за „сочната“ изјава на премиерот Зоран Заев

Редакција

МВР влезе во веледрогеријата „Пановски“: Обвинителството отвори истрага за паралелен увоз на лекови

Редакција

Македонските ракометари загубија од Шведска во првиот натпревар на Светското првенство во Египет

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница