еМагазин
Image default
Бизнис

Од 29 март исплата на мартовските пензии зголемени за илјада денари

Од следниот вторник, 29 март, ќе се исплаќаат мартовските пензии кои ќе бидат зголемени за 1.000 денари. Ова се првите илјада денари кои како дополнителна финансиска помош, пензионерите ќе ги добијат и со априлската и со мајската пензија.

Од банкоматите ќе може да се подигнат пензиите од вторник, а истиот ден во банките ќе се врши и исплата на пензиите со висина до 11 илјади денари.

Во среда, во филијалите и експозитурите на банките ќе се врши исплата на пензиите од 11.000 до 14.000 денари, во четврток од 14.000 до 18.000 денари, а во петок ќе бидат исплатени највисоките пензии над 18.000 денари.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дизелот поевтинува за 1,5 денари, бензинот за половина денар денар

Редакција

УЈП го продолжи рокот за даночните пријави до 29 јануари

Редакција

МВР купува гориво со ваучери за 27,7 милиони денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница