еМагазин
Image default
Бизнис

Од 422 градежни дозволи во јули – 250 во високоградбата, планирани 907 станови

Во јули годинава се издадени 422 одобренија за градење, што е за 5,4 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека најмногу одобренија има во Југозападниот и во Скопскиот регион, 98 односно 97, по што следат Полошкиот со 71, Источниот, 47, Пелагонискиот, 40, Југоситочниот, 35, Вардарскиот со 29.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6.206.757.000 денари, за 37,6 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 250 (59,2 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 46 (10,9 проценти) од нискоградба и 126 (29,9 проценти) за објекти за реконструкција.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 907 станови, со вкупна корисна површина од 81.059 метри квадратни.

Во Скопје ќе се градат вкупно 301 станови, од кои 132 во Чаир, 60 во Центар, 40 во Карпош, 36 во Гази Баба, 16 во Аеродром, осум во Бутел, четири во Илинден… Во Охрид е планирана изградба на 132 стана, во Прилеп 113, во Струга 90, во Гостивар 62…

Од вкупно 422 објекти, на 267 (63,3 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 155 (36,7 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Какви се очекувањата на Стопанска банка Скопје за престојниот период?

Редакција

Девизните резерви на крајот на септември 3,9 милијарди евра

Редакција

Енергетска независност преку иновации – Како Akuo го трансформира пределот на обновливи извори на енергија во Северна Македонија

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница