еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од 70 градинки со 311 објекти не е отворен само еден

Од 70 функционални градинки кои имаат 311 објекти на ниво на држава, само еден објект кој е дел од градинката „Рахилка Гонева“ од Свети Николе не е отворен денеска за прием и згрижување на деца, информира Министерството за труд и социјална политика.

Според информациите што Министерството ги добило од оваа градинка, се чека да се направи тестирање за Ковид – 19 на едно вработено лице, по што, ќе биде донесена одлука за отворање на овој објект.

– Во сите останати детски градинки згрижувањето на децата се одвива непречено согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по укинувањето на вонредната состојба, донесен од Владата на 29.05.2020 година, информира Министерството за труд и социјална политика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во градинка во Свети Николе не беа згрижени 110 деца, поради вработена со симптоми на Ковид-19

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телма: Тинејџер е креатор на „Јавна соба“, МВР ги обезбедила телефонските броеви на над 7.000 членови на групата на Телеграм

Редакција

Од утре променливо облачно со повремен дожд

Редакција

Во Атина за гласање за референдумот се пријавиле 15 Македонци, во Солун нема гласање поради неостварената квота

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница