еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Од денеска, Ковид-19 решенијата за изолација во електронска форма преку Вакцинација.мк

Согласно владината одлука за измена на начинот на достава на решенијата за изолација на лица позитивни на Ковид-19 и на нивни контакти, од денеска е во функција платформата на која секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение за изолација ќе има пристап единствено до своето решение без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено решение за изолација.

Пристапот, како што соопшти владината прес-служба, е можен преку банер на веб-страницата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (dszi.gov.mk), кој носи до порталот Вакцинација.мк или директно на vakcinacija.mk.

Постапката е едноставна. Граѓаните кои досега немаат креирано профил, ќе треба да се регистираат на порталот со креирање профил преку кој се овозможува генерирање на решението за изолација кое е дигитално потпишано од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Сите лица кои до сега имаат свој профил на vakcinacija.mk, ќе може да го генерираат решението на ист начин како и сертификатите за Ковид-19 вакцинација или за прележан Ковид-19 .

Секое лице кое се тестира за Ковид-19 потребно е веднаш по спроведеното тестирање да биде во самоизолација, сè до добивање на резултат од истото. Доколку резултатот е позитивен, останува во изолација уште седум, односно најмалку десет денови во зависност од тоа дали развило симптоми на болеста, информираат од владината прес-служба.

Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во недела во Парк – деветта традиционална манифестација за поддршка на лицата со Вилсонова болест

Редакција

Пожарот на планината Серта е ставен под контрола, но се уште се гаси

Редакција

Општина Струга склучи договор со “Енерџи деливери солушнс“ вреден 487,8 илјади евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница