еМагазин
Image default
Локално

Од денеска се воведуваат ноќни линии на ЈСП во Скопје

Од денеска се ставени во функција ноќните линии на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Се работи за 11 автобуски линии: 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65Б.

Автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65Б ќе сообраќаат секој ден, а преостанатите ќе бидат во функција во деновите од викендот или комбинирано, како и за време на празниците.

Како што соопштија градските власти, воведувањето ноќни линии е почеток на промените за подобар јавен градски превоз, што е дел од програмата на раководството на ЈСП Скопје и на Град Скопје.

-На овој начин за скопјани се обезбедува јавен превоз и за време на ноќните часови, што беше укинато како опција од минатото раководството на Градот пред две години, се вели во соопштението.

Сите детали за возниот ред и трасите на ноќните линии се веќе достапни на веб-страницата на ЈСП „Скопје“ (jsp.com.mk).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

21-годишно момче од Богомила осомничено за убиство на 60-годишник

Редакција

19-годишно момче загина откако со автомобилот излетало од патот и се забило во столб

Редакција

Десет лица приведени при контрола на седум угостителски објекти во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница