еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од утре снег на планините

Од утре под влијание на влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини повремено ќе преминуваат во снег, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Наместа и особено во планинските региони ќе има пообилни врнежи, а во сабота и локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Утре ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец, а на почетокот на следната седмица ќе има преодно стабилизирање на времето.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите од дожд, според ќе бидат од средината на денот и најпрвин во западните делови од земјата каде што повремен дожд ќе има и во ноќните часови.

Во текот на денот ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде од 2 до 10 Целзиусови степени, а во текот на денот од 8 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Температурата ќе биде 5 степени наутро, а во текот на денот ќе се искачи до 15 Целзиусови степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Досегашниот директор на НЛБ Банка, Антонио Аргир унапреден на нова менаџерска позиција во НЛБ Групацијата

Редакција

Шест починати лица од Ковид-19, кај петмина регистриран коморбидитет

Редакција

Бронзен медал за Петар Заборски од „Макпетрол“ на светската карате лига

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница