еМагазин
Македонија

Од „Фајзер/Бионтек“ потврдиле дека до крајот на годината ќе испорачаат 800.280 дози на вакцини

Министерството за здравство ja информира јавноста дека компанијата „Фајзер-Бионтек“, производител на вакцини против Ковид-19, денеска до Министерството за здравство, го испрати договорот за купување вакцини.

Компанијата во договорот ги соопшти деталите за испорака на вакцините во текот на цела 2021 година.

„Производителот „Фајзер-Бионтек“ во 2021 година на Република Северна Македонија ќе и испорача 800.280 дози вакцини.

Според договорот, испораката на вакцините ќе се одвива во 4 квартали, а првата достава ќе се случи во месец март.

Во договорот е наведено дека компанијата „Фајзер-Бионтек“ овој месец во нашата земја ќе испорача 21.060 дози вакцини.

Вакцините на производителот „Фајзер-Бионтек“ се спакувани во повеќедозажни вијали, од една вијала се вадат 6 дози вакцини. Вакцината се чува и дистрибуира на -70 степени, во обичен фрижидер од 2 до 8 степени може да стои 5 дена, а растворена да се чува 6 часа.

Нашиот здравствен систем е целосно подготвен за прием и спроведување на вакцинација.

Со вакцината на производителот „Фајзер-Бионтек“,  веќе неколку недели се врши имунизација на здравствените работници кои се во првата приоритетна група за вакцинација согласно Националната стратегија за ковид имунизација,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

21 илјада дози вакцини од Фајзер на крајот на март, најави Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почнува скринингот за стекнат имунитет на населението во Дебар

Редакција

Груевски се јави по сведочењето на Алек Теранова: Од никого не сум побарал да купува било што за мене

Редакција

Убава вест: 26 оздравени од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница