еМагазин
ЖИВОТ

Од Ковид-19 почина 54-годишна советничка во Општина Крушево

Од Ковид-19 вчера почина Агапи Чункоска (54), советничка во Општина Крушево.

Информацијата на својот Фејсбук профил ја потврди градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.

“Денес ја загубивме нашата сограѓанка, член на Совет на општина Крушево,наставник и работник за влашката култура во Крушево. Коронавирусот ни’ одзеде уште еден живот.

Секогаш да го паметиме придонесот на Агапи Чункоска во Советот, ООУ „Никола Карев“, но и генерално на општина Крушево.

Нејзината смрт нека биде поука за сите нас да ги почитуваме мерките и препораките за спречување од ширење на коронавирусот.

Сочуство до семејството. Нека почива во мир“, напиша тој.

Фото: Фејсбук/Христоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како да се заштитите од сонцето: Во следните два дена температури од жолта фаза

Редакција

Државна и црковна делегација ќе оди во Ерусалим за преземање на Благодатниот оган од Базиликата на Светиот гроб

Редакција

Во село во Делчево, потврден прв случај на Африканска свинска чума во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница